„Кога на политичката сцена уметноста на умот, и уметноста на зборот ќе бидат заменети со лаги ќе стигнеме до ова дереџе до кое сме денес. Особено кога во пејзажот на оние кои што треба да ја имаат лидерската позиција односно власта, ќе видиме луѓе кои што непотковано се нашле на одредената позиција и сега моќта ја гледаат во согласност на фотелјата, моите пет минути, јас сум власт – јас сум се, а да се потсетиме дека и тоа беше наративот на власта одреден период „all in“, власта демек ќе се смирува со сите но ќе се скара со народот. И со тоа докажа власта наместо да ги брани националните интереси на државата и народот, таа ги бранеше своите лични интереси по цена на државните интереси“, истакна Рашела Мизрахи, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија.
Мизрахи додаде дека дебаклот на власта се случи пред година ипол кога стана повеќе од јасно дека 2/3 мнозинство нема да има во Парламентот за да се изгласаат тие уставни измени.
Се случи и тој петок, сите оние кои што се пријавија за збор имаа можност да расправаат, вкупно беа присутни 119 пратеници, а 70 гласаа ЗА, а 47 ПРОТИВ, и двајца не гласале итн. И се прекршија два члена од Деловникот тоа се членовите 81 и 95. Требаше точката веднаш да се стави на гласање поради тоа што имаше мнозинство на присутни. Членот 81 вели – Претседателот на Собранието може да ја прекине седницата ако нема мнозинство на пратеници. А, тоа не беше случај бидејќи имаше мнозинство на пратеници во однос на одлучување“, појасни пратеничката Мизрахи.
Таа посочи дека во членот 95 се вели дека Собранието може да одлучува ако на седницата присуствуваат мнозинство од вкупниот број на пратеници. И тоа докажува дека условите во петокот беа исполнети за гласање но сепак Џафери не дозволи да се гласа.
Согласно процедурата точката требаше да биде ставена на гласање. Но, се докажа дека власта немаше 2/3 мнозинство“, појасни таа.
Таа рече дека власта со цел да купи време сега ја одолговлекува приказната со уставни измени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.