Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ потсетува дека сето она што досега го објави за скандалот со Клиниката за онколоција кои никој не го дематираше.
Тоа што го објавив во јавноста е извештај на Фондот за здравство кој врши вонреден инспекциски надзор на јавните набавки и работењето на Министерството за здравство и Клиниката за Онкологија. Во МЗ вонредно се мониторира периодот од први август 2021 година до први август 2023 година. На Клиниката за Онкологија опфатен е периодот демекври 2022-јануари, февруари, март 2023 година.Кога сето тоа ќе се анализира доаѓаме до низа заклучоци кои што наведуваат дека не само што не престанало она девијантно однесување на канцер мафијата туку тоа продолжува.Не биле навремено испорачувани лекарствата кои што требало да бидат аплицирани на пациентите и за тоа никој не сноси одговорност а нема ни негативна референца кон дистрибутерите кон веледрогериите.Често пати се создавани дефекти во системот односно отсуство на соодветни медикаменти кои требало да се аплицираат на оние што било најпотребно и морале приватно да ги купуваат.Констатирано е и дека голем број на пацинти врз основа на нивно барање а извештај на специјалисти и супспецијалисти ја аплицирале таа терапија во други установи.Се поставува прашањето дали постои протокол според кој се дозволува да биде аплицирана терапијата во други установи.Нашите информации говорат дека таков прокол на Клиниката за онкологија не постои.Понатаму, дали транспортот на тие терапии е согласно договорот со дистрибутерот или веледрогеријата, односно дали транспортот на материјалот е на термички услови од два до осум степени или пак можеби се носени во торбичка.Дали пакувањата како доказ се носат во Клиниката за Онкологија дека терапијата е аплицирана и кој стои позади таа апликација на пациентите.Дали вијалите каде што имаме пакување што поголемо од потребите на пациентот се евидентирани како остаток и дали се аплицирани на други пациенти.Има многу прашања.За сево не знаеме ни дали Обвинителството има предистрага но знаеме дека оваа канцер мафија и омилената веледрогерија се во една тешка коалиција и ветувам дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи Владата сериозно ќе се занимаваме со работењето на оваа Клиника и врските со канцер мафијата.Од свиркачи добиваме сериозни документи, индиции но и докази дека ова се повторува и на други клиники.Ова е грозоморен настан на кој мора да му се стави крај и потребни се имиња и мораме да го впериме прстот кон вистински виновници.Не можеме да ги генарализираме работите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.