Министерот за транспорт и инфраструктура на Грција Костас А. Караманлис попладневно поднесе оставка поради железничката несреќа што се случи во близина на Лариса и во која животот го загубија најмалку 36 лица. Ваквиот потег на грчкиот министер беше повод аналитичарот Ивор Мицковски да потсети кој понесе, односно непонесе одговорност за автобусот во ЛАскарци, за случајот Беса Транс, за поќарот во Тетовската болница…

Грчкиот министер за транспорт и инфраструктура Константинос Караманлис поднесе оставка по тешката железничка несреќа.
Само да се потсетиме дека никој не поднесе оставка за Ласкарци или Беса транс, напротив им помогаат на газдите да се спасат, за изгорените во модуларната во Тетово, за бегството на Груевски, за пасошите на криминалците, уствари никој никогаш не поднел оставка или не презел одговорност за ништо.
Гледајте како се прави во ЕУ, не само да причате причи – коментира Ивор Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.