„Какви грозоморни глупости!“, вели активистот Ивор Мицковски, конемтирајќи го денешниот говор на премиерот Димитар Ковачевски, во кој тој меѓудругото вели „Ако некогаш било вистинското време: да го обезбедиме животниот стандард што го посакуваме, квалитетот на живот што го заслужуваат нашите млади, да живееме во земја во којашто владее функционално право, во еколошки чиста, зелена средина, енергетски независна држава, со конкуретно земјоделство, со шанси за пристап до европскиот пазар од половина милијарда луѓе – тоа е денес.“

Денес е сè спротивно од овие празни и декларативни цели, кои ги изнесувате само со цел да извршите уставни измени.
Кој ви брани, не само да остварите било што од горенаведеното, туку и да престанете со секојдневните скандали и криминали поради кои луѓе гинат, се селат или пропаѓаат?!
7 години имавте нешто да смените, вие продолживте по патот на растурање на државата.
Затоа, каков честит и вековит празник и држава, ова уништување и изживување повеќе нема смисла, државата е непоправливо упропастена, порача Мицковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.