Ако можете да направите промени, направете ги, ама немојте цел народ, слободна интелектуала и експерти да ги сатанизирате, делите и дупите у здрав мозок, само затоа што сте лажови, криминалци и неспособни, порачува Ивор Мицковски.

Како не им е срам да зборат за изгубени 11 милијарди од ЕУ фондови, кога веќе лажеа за бесплатно здравство и не знам што.
Па уште ќе ни пуштаат портал-платеници да ни раскажуваат приказни.
Од тие ветувања видовме само уште поруинирано, етнизирано и приватизирано здравство.
Милијардите отидоа по Браковци и Кочовци, Пучко Петролци, другари на Грубовци, дубиозни марихуана бизниси, криминални инфрастуктурни договори, зголемени плати на функционери, додека на народот инфлацијата му го изеде денарот.
И како не им е срам да зборуваат за изолација, кога сме НАТО членка и регионален стратешки партнер на САД, кога сме јасно прозападно ориентирани и усогласени со надворешната политика на ЕУ. Изолација е за земји кои се фемкаат, кои не знаат каде стојат, кои се неинтегрирани, кои седат на две столчиња.
Ние тука немаме проблем, имаме еден господар и Господ не дал сервилни.
Ако можете да направите промени, направете ги, ама немојте цел народ, слободна интелектуала и експерти да ги сатанизирате, делите и дупите у здрав мозок, само затоа што сте лажови, криминалци и неспособни, пишува активистот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.