Она што го гледаме денеска и на кое сме сведоци како јавност во Македонија е брутално заложништво на СДСМ од страна на ДУИ. ДУИ ја има комплетно заробено, би рекол киднапирано оваа политичка партија и тука морам да направам едно оградување. Не зборувам за СДСМ со членството и активистите, зборувам за неколкумина кои се дел од раководството. Тие се целосно сервилни на ДУИ што е еден феномен и нов случај и пример на македонската политичка сцена, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на денешната посета на општина Конче која е во рамките на активноста „Ова е Македонија за сите“.
Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се, ама буквално се во рамките на законите, Уставот и демократските процеси да ја порази ова коалиција на ДУИ и нивниот заложник СДСМ на следните и претседателски и парламентарни избори кога и да се случат.
„Ќе направиме се што е во наша моќ и на тој начин овие две партии да бидат опозиција. Мислам дека е редно време ДУИ по 20 години дел од власта да помине еден мандат во опозиција за да може внатрешно да се реструктуира, реформира, па потоа претпоставувам со една нова програма која ќе биде за сите граѓани во Македонија и која ќе се темели на владеење на правото, на квалитетен здравствен систем, квалитетно образование, без криминал и корупција ќе може да настапи на следните избори. Но, за да ова се случи е потребен народ, мобилизација на народот кој ќе излезе и гласа за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.