При денешната посета на Општина Гевгелија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека во Програмата 1198 на ВМРО-ДПМНЕ се планирани 250 милиони евра за општините и една милијарда евра во рамките на четиригодишен мандат за развој на општините и решавање на потребите на граѓаните.
-Целта на овој проекти е практично да допреме до секое едно домаќинство, да ги задоволиме основните потреби со кој ќе обезбедиме поквалитетен живот на македонските граѓани во смисла на подземна инфраструктура, канализација, водоводи, нови улици исто така онаму каде што е потребно нови градинки, нови училишта како дел од проектот да нема веќе листи на чекање за дечињата во градинките во предшколската возраст и цениме дека на тој начин ќе ги решаваме основните потреби на граѓаните. Тоа е вкупно 1 милијарда евра во рамките на еден четиригодишен мандат и цениме дека на овој начин ќе покажеме дека сето она кое што е можеби испуштено повеќе од три децении ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат сериозна намера да го решат, а на тој начин да дојдеме што е можно поблиску до граѓаните, рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Тој ги повика сите градоначалници без разлика на партиската припадност од наесен, кога се очекува да биде објавен јавниот повик, да аплицираат и идната влада на ВМРО-ДПМНЕ практично да одобри средства за реализирање на тие проекти во општините.
Во одговор на новинарско прашање дали идната влада предводена од ВМРО ДПМНЕ ќе вложува во обновливи извори на енергија, Мицкоски одговори дека во овој регион се гледа ветерниот пак Богданци кој го реализирала владата на ВМРО-ДПМНЕ.
-Продолжуваме и понатаму исто во околината, втората фаза, но и други можности се испитуваат за одреден вид на јавно приватно партнерство помеѓу денешно ЕСМ и приватни инвеститори за изградба на вакви енергетски капацитети, со што ќе се зголеми производното портфолио од обновлива енергија во Македонија, рече Мицкоски.
Мицкоски додаде дека на тој начин ќе се обезбеди поквалитетно снабдување со електрична енергија до нашите граѓани, а воедно порача дека ќе се укине таксата за пристап до мрежа која ја наметна оваа власт.
-Она кое е важно, онаа наметната такса за пристап до мрежата која ја наметна октроираниот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, целосно партизираниот Бислимовски, ќе биде укината. Цениме дека нема потреба од таков тип на оптоварување на граѓаните, изјави Мицкоски.
Во рамките на денешната посета на Гевгелија Мицкоски заедно со носителот на изборната листа во четвртата изборна единица, Александар Николски и градоиначалникот на Гевгелија, Андон Сарамандов, извршија увид на градежни активности на повеќе локации каде се реализираат повеќе проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.