– Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на поставување на камен темелник на изградба на влезот во Општина Битола.

Од владината прес-служба информираат дека станува збор за проект со кој ќе бидат опфатени 1.332 метри за што ќе бидат потрошени над 100 милиони денари. Проектот вклучува реконструкција со доградба на коловоз на дел од улицата „8 Септември“ во Битола, од бензинската пумпа „Лукоил“ до границата на ГУП на Општина Битола.

Според агендата, Мицкоски денеска ќе изврши и увид во градежните активности за изградба на Противпожарната зграда, проект што беше најавен дека ќе започне со реализација во јануари, а исто така ќе присуствува и на пуштање во употреба на спортски игралишта во OУ „Елпида Караманди“ во Битола



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.