Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше дел од публиката во Битола на вториот концерт од караванот “Македонијо во срце те носиме”.
Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.
Сите концерти почнуваат во 20:30 часот, а по Битола во преубавата македонска песна ќе ужива и публиката во Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци и Скопје.
Караванот тргна од плоштадот во Штип, а планирано е да заврши во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.