СДС би посакувале да има раскол, но не само што нема раскол, партијата никогаш не била пообединета. Но од друга страна можете да забележите како кога се гласаше дневниот ред за уставни измени ќе забележите дека двајца пратеници од коалицијата на СДС не гласаа. Истовремено ќе видите дека од ДУИ на дневна основа се појавува некој, дури имаме нови политички партии, што значи расколот е на друго место, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на општина Ѓорче Петров, одговарајќи на новинарски прашања.

Мицкоски истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ постои една кохезија како никогаш досега.

Тој посочи дека ако власта смета дека има раскол во ВМРО-ДПМНЕ тогаш би имале подобра позиција, па нека го распуштат парламентот и да се оди на избори.

Тоа е единствениот начин да се покаже каде има раскол, еве нека се распушти парламентот и да одиме на избори да видиме каков ќе биде исходот, потенцираше Мицкоски.

Во однос на состаноците на ИК и ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека тоа се редовни бидејќи наскоро има избори.

Вчера имавме Извршен комитет, утре редовен централен комитет, треба да се носат одлуки, за шест месеци од денеска, отприлика, ќе имаме избори, претседателски и парламентарни, се докомплетираат структурите на партијата и тоа се редовни процеси и за Извршниот и за Централниот комитет, изјави Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.