ВМРО-ДПМНЕ не е против изградбата на коридорите 8 и 10д. овој проект е застапен  во програмата на партијата, но е против продолжување на работната недела од 40 на 60 часа и договор во кој пеналите се во вредност повеќе од 200 милиони евра им одговори претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на обвинуваат дека се води хајка против коридорот 8.

Ние како ВМРО-ДПМНЕ не сме против никој проект кој што опфаќа одредена целна група, етничка група, географска положба во Македонија, ниту сме против изградба на коридорите како што се дел од коридорот 10Д и дел од коридорот 8, кој што се всушност и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ. Но за што сме против? Еве сега ќе ви кажам. Против сме, да знаете дека не можете работаната недела, бидејќи постои одлука на Уставниот суд, да ја продолжите од 40 на 60 работни часа, а да потпишете договор кој што ќе опфати пенали во вредност повеќе од 200 милиони евра. Да, за тоа сме против и за тоа ќе има одговорност, порача Мицкоски од Градско.

Тој рече ека ВМРО-ДПМНЕ силно се противи македонското законодавство да биде суспендирано и  да важи законодавството на Англија и Велс, коешто по својата природа е различно од македонското.

Против сме кога ќе се трошат буџетски пари, пари од граѓаните, да се суспендира Законот за јавни набавки, како што тоа го бара владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ.

Мицкоски додаде дека исто така ВМРО-ДПМНЕ е против да се гради овој голем проект без да биде извадено одобрение за градба како што бара владата во измените на Законот за градење, посочувајќи дека се против и да се наплаќаат цени за асфалт, за бетон, за расчистување на терен два до три пати поголеми од пазарните и дивоградбите да се експропеираат по цена која што е иста како и легалните градби.

И, конечно, сме против криминалот кој што е присутен во овој проект, истакна Мицкоски.

Додаде дека има еден начин да докажат дека навистина се грижат за Македонија, за македонското стопанство, за граѓаните, истите овие услови кои што ги потпишале, да им ги дадат на македонските компании, да ги соберат без разлика дали сопственик на македонската компанија е Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Бошњак, Србин. Дали вработените имаат ваква или таква етничка припадност.

Еве нека ги соберат компаниите во Македонија и нека кажат еве го проектот сработете го вие. Не да ми кажуваат дека 30, 40, 50% ќе бидат македонски работници, нека биде 100 проценти ако навистина се грижат за македонското стопанство и за македонските граѓани. За тоа сме против и ќе бидеме против и жестоко ќе се бориме да го исправиме сето ова. Не сме против да се гради. Ние сме партија која е позната по градењето, по реализација на проекти. Не сме против компании реномирани, но сме за нашите македонски компании и ќе продолжиме да се бориме за нашите македонски компании и се ќе направиме идната влада на ВМРО-ДПМНЕ за нашите македонски компании да им овозможи да имаат услови за работа со кои што ќе вработуваат наши македонски граѓани“, рече претседателот Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.