Во текот на вчерашниот ден на владина седница формиравме тело, ја задолживме министерката за образование и наука заедно со ова тело, да излезе на терен да направи анализа на сите универзитети и факултети и државни и приватни. Онаму каде што ќе се констатираат недостатоци да им се даде разумен рок да истите, тие недостатоци да бидат отстранети. Доколку тоа не го направат ќе бидат затворени“, подвлече претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање притоа објаснувајќи дека Владата планира реформи во високото образование и воспоставување на ред во установите.

Премиерот е дециден дека високо образовните установи во државата кои што имаат недостатоци ќе имаат разумен рок истите да ги отстранат. Доколку не ги отстранат недостатоците ваквите установи ќе се останат без акредитација и ќе немаат дозвола за работа.

Ова јас го кажувам, најотворено. Зошто? Затоа што се срамам на две места каде што бев и во Вашингтон и во Лондон каде што имав можност со мои колеги од соседството да разговарам, едните и другите и третите, ми кажаа- од кај вас преку ден се добиваат дипломи. И ни прават проблем во нашите држави. Тоа не може да се случува повеќе. Тоа не може да се случува, посебно што јас доаѓам од високото образование. Не може дипломи преку ноќ да се добиваат. Тоа мора да се смени, ќе имаат разумен рок да ги отстранат недостатоците. Тие што нема да ги отстранат ќе мора да затворат. Да ја изгубат дозволата за работа, да ја изгубат лиценцата, акредитацијата.“, потенцираше премиерот Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.