Со години сум предмет на најцрната кампања на власта, тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи ја пресудата на скопскиот суд, кој утврди граѓанска одговорност за сторена клевета према него во веста со наслов „Мицковски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра“ објавена на официјалната веб страна „brif.mk“ на ден 26.02.2023.
„Лагата е како топка снег. Колку подолго се тркала, толку поголема станува, но кога ќе застане ќе се растопи.“ – Мартин Лутер Кинг.
Снегот се растопи во рацете на тие кои ги раскажуваат лагите.
По добиената пресуда вчера медиум се извини за изнесената клевета кон мене.
Дополнително медиумот на Џабир Дерала и тој самиот е осуден за клевета за лагата првично пласирана од кујните на СДСМ и ДУИ дека наводно сум изградил куќа во Козле. Ниту сум изградил, ниту имам куќа надвор од имотот кој веќе го поседувам. Народот треба да биде свесен дека ваквите лаги се силно потхранувани и ширени и од инсталациите на власта во дел од една лажна опозиција која е на услуга на власта, и тоа лесно се препознава. Тие повеќе зборуваат за ВМРО-ДПМНЕ отколку за суштината и лошото владеење.
Затоа со години сум предмет на најцрната кампања на власта, која треба да ја засени вистината која ја збориме за тешкиот живот. Но количеството на криминал, неправди и тежок живот е толку голем, што ниту една лага не е погласна од тоа. Така и мојот мотив да ги поразиме е дотолку поголем, затоа што Македонија се губи, а ние немаме втора татковина. Промените доаѓаат!, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.