Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Букурешт се средна со Јохан Вадефул, пратеник на ЦДУ во германскиот Бундестаг, одговорен за надворешна политика во Групата на ЦДУ.
За надворешна политика на почитување и силни темели. Промени кои даваат брзи резултати!, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Мицкоски заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова, потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Тимчо Муцунски како и секретарот за меѓународна соработка, Стефан Андоновски се во дводневна посета на Букурешт, Романија каде ќе присуствуваат на двовневниот конгрес на Европската народна партија (ЕПП).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.