Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето гостување во радио Лидер зборуваше за претседателот на државата, Стево Пендаровски каде потенцираше дека кога станува за Стево Пендаровски тој и да се кандидира за претседател на куќен совет во зградата каде што живее не може да добие повеќе од два гласа.
-Мислам дека кога станува збор за Стево Пендаровски сите партии теоретски да се опкружат околу него, да се обединат и да го подржат, прашање е дали ќе го гласаат повеќе од 100.000, сите партии. Мислам дека во зградата каде што живее, ако се пријави за претседател на куќен совет, тешко да добие повеќе од два гласа, истакна Мицкоски.
Претседателот Мицкоски во текот на своето гостување порача дека во овој момент не треба да се губи време со лик како што е Стево Пендаровски.
-Јас знам што точно зборува Пендаровски, но повторно ќе кажам дали треба човек да во овој момент да воопшто губи време со лик како што е Стево Пендаровски, додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.