Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред отворањето на Генералното Собрание на подмладокот на Европската Народна Партија – „Обединувајќи ја иднината, новата генерација и Западниот Балкан“, одговарајќи на новинарско прашање во однос на извештајот на ЕК кој што денес се најде пред пратениците во собранието истакна дека овој е нај лош извештај и претставува уназадување на Македонија, а работата на оваа влада остава трајни последици за кои ќе треба време да се исправат но ВМРО-ДПМНЕ има план и знае како да ја однесе Македонија на врвот во Европа.

Па видете условно кажано како што себеси се нарекува нај проевропска влада добија најлош извештај, извештајот кој што требаше да биде извештај за напредокот на Македонија практично претставува извештај за уназадување на Македонија. За жал оваа влада со својата работа остава трајни последици за кои што ќе треба време да се исправат, но ние сме оптимисти имаме план знаеме како и за неколку месеци од денеска почнуваме да ја враќаме Македонија онаму каде што и е местото во врвот на Европа, нагласи Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.