Во однос на најавените реформи во правосудниот систем, Мицкоски, рече дека додека даваат време за експертски предлози, може да исчезне трпението на јавноста и „ние да бидеме жртвата, поради неуспехот на другите“, нагласувајќи дека тоа нема да го дозволат.

Немаме намера да ги распуштиме Судскиот совет и Советот на јавни обвинители за да ги замениме со други. Нашата цел со таа реформа беше да ги распуштиме овие тела и наместо предлозите од владата, од парламентот, од претседателот, предлозите за нови членови да дојдат од самите судии и обвинители. Нашата желба е тие на гласање самите да си ги изберат. Нашата идеја е ние како Влада да одредиме процент од буџет, а тие самите да си го трошат, но не без надзор. Тоа ќе го прави собраниска комисија, па да видиме како се трошат народните пари, изјави Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.