Народот овие денови вели власта е како времето. Многу облаци, тмурно, променливо. Но кога ве гледам овде во Гевгелија толку во голем број, знам дека после дождот сонце изгрева, а тоа сонце силно ќе светне во Македонија многу брзо. Во овие тешки и предизвикувачки времиња знам дека сте вознемирени поради сето она што се случува во Македонија. И знам дека со голема доза на мачнина гледате како СДСМ и ДУИ свесни дека ја губат власта, го губат и достоинството. Секој ден не уверуваат дека дното може да биде се подлабоко од претходно, ова на денешната трибина организирана од ВМРО-ДПМНЕ на тема „Борба против корупцијата и криминалот“ од акцијата „Ова е Македонија за сите“ го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-И кога се дотерани во ќош, целосно разобличени, гледајќи ја сета слабост во нивните политики, единствената работа која што ја кажуваат се невистини. Не е во мојот речник да зборувам наместо невистини дека лажат, но морам да признаам дека последниве денови сведоци сме дека, не лажат, туку се утепуваат од лажење. Не било само крадењето , туку лажењето било дел од нивната политика. Како може од една иста средба да излегуваат со различни информации за она што се случило. За една иста средба за која и самите рекоа дека е неуспешна, тие излегуваат и велат дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило безусловно уставни измени. Граѓаните, медиумите, експертите знаат дека не е така, а лудо настојчиво лажат за нешто што е очигледно – Дека уставни измени под бугарски диктат ниту сум прифатил, ниту некогаш ќе прифатам! Лажат затоа што друго немаат што да прават. Си се дружат со лагата секој еден ден затоа што се разголени, а срамот е голем. Таквото безочно манипулирање е од причина што кај овие луѓе постои целосно отсуство на срам и затоа што се дотерани до ѕид. Нема веќе дршки на кои може да се држат при манипулациите што со години ги кажуваат. Срамот е зошто сега не може секој ден да повторуваат дека ВМРО-ДПМНЕ не е за Европската Унија и затоа што покажав дека е можно и да се исполнат критериумите за почнување на преговорите со ЕУ и да имаме заштитен идентитет. Тие тоа го отфрлаат затоа што немаат после приказна за продавање и одговор на прашањето на што се потрошија овие 6 години од животите на сите наши граѓани. И навистина дегутантни се оние аукции и лицитации кои секој ден се случуваат коодинирано од ДУИ и СДС за нови функции, те биле министерства во владата, те Албанец премиер кој СДС им го подарил на ДУИ, те директорски места. Таквата матрица покажува дека само до позиции им е дојдено, а институциите им се во распаѓање. Ја направија владата евтина и криминална приказна. Па да им одговорам од овде од Гевгелија, дека мене ниту ми е до позиции, ниту на ВМРО-ДПМНЕ му е до функции особено не кога е загрозена Македонија и кога народот е под блокада и нема иднина, вели Мицкоски.

Тој додава дека понудив две решенија кои се надоврзаа на она првичното кое беше според хрватскиот модел. Затоа што доста беше поткусурување со идентитетот и блокада на интеграциите, и измените може да поминат само со заштитен идентитет, обезбедена иднина и целосна и непречена карта за влез во Европската Унија.

-Пред една година во Скопје на оној голем митинг на 18 јуни, говорев дека нема да има уставни измени под бугарски диктат. Цело време во овој период ви говорам дека нашата борба е да ги промениме околностите кон подобро за Македонија. Една година потоа ве гледам во очи и ви го велам истото. Благодарение на пратениците, на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои се вистинскиот бедем во македонскиот парламент, уставни измени под бугарски диктат нема да има. А нашата борба останува иста – Промена на околностите и заштита на идентитетот. Тие се оние што ги менуваат ставовите. Пред да излезе францускиот предлог Ковачевски велеше дека тој не е прифатлив. Потоа волшебно, иако од предлогот не се промени буквално ништо, тој го смени мислењето и денес е главната степеница на сопнување. Воедно она што претставува лицемерна политика е тврдењето на министерот за надворешни работи дека сепак Бугарите биле обесправени со сегашниот устав. Како министер кој 20 години е актуелен на политичката сцена, чудно е навистина што токму сега му засмета Уставот и односот кон Бугарите, а не претходно. И ај што не е така, уште почудно е што тој 6 години без престан е министер во таа иста влада која тешко и е да побара од Бугарија исполнување на барем три пресуди од Европскиот суд за човекови права во Стразбур. И затоа едноставно таквите тези нема да поминат, вели Мицкоски.

Тој додава дека и нека седи на тоа уво дека СДС со ваквата лажна пропаганда може да го излажат народот преку скриената поддршка која ја даваат на платените структури во опозицијата или оние така наречени политички лешинари кои имаат една цел одземање на енергија на ВМРО-ДПМНЕ и наше валкање со нивните нечесни игри. Тоа им го оставаме ним, а јас само ќе кажам дека се прочитани и се ќе им се врати како бумеранг.

-Предлозите и понудата на ВМРО-ДПМНЕ во овој момент се јасни. Првата е формирање на преодна влада која што ќе ги организира следните парламентарни и претседателски избори. Зошто е тоа важно, затоа што нема да имаме премиер под диктат на ДУИ и Али Ахмети. тоа е многу важно. Под два секаде низ Македонија ни велат ќе излеземе ќе гласаме но внимавајте да не ви ги украдат изборите има ли поголема сигурност од тоа да имаме наш министер со полни ингеренции внатре во владата. Наши началници луѓе кои што ќе се грижат за безбедноста на изборниот процес, да може секој еден граѓанин слободно демократски да ја изрази својата волја и таа волја да биде преточена во историска победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и претседателскиот кандидат на предлог од ВМРО-ДПМНЕ. И третата работа, важна работа зошто е значајна оваа преодна влада. Затоа што нема подобар начин да се справите со криминалците од внатре од институциите и со лисици да ги вадиме народот да ги гледа за сторениот криминал срам и продажба што го правеа овие години. Да го завршиме процесот сега но да важи кога Македонија ќе биде членка на ЕУ. Да ги завршиме успешно преговорите со ЕУ, да започне ратификацијата во парламентите на земјите членки, Македонија членка на ЕУ и тогаш кога ќе бидеме во истото заедничко семејство да важи овој процес. Македонија дел од ЕУ тогаш може да има важечки уставни измени. Македонија нема да биде ЕУ, нема да има важечки уставни измени. И третата работа, која што е многу важна а тоа е огромната победа која што ќе ја има коалицијата. И третата работа, која што е многу важна, а тоа е огромната победа која што ќе ја има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ после тие избори кои што ќе ги подготви оваа преодна влада. На ова не добив одговор од страна на Димитар Ковачевски, вели Мицкоски.

Тој додава дека втората работа, која што му ја предложив, овие две понуди ќе ве потсетам се надоврзуваа на она кое што веќе во минатото јавно ја кажавме, а тоа беше предлогот кој што го опфаќаше хрватскиот модел на устав. Вториот предлог, кој што на таа лидерска средба го кажав е да одиме на предвремени парламентарни избори оваа есен. Тие нека изберат ден, тие нека изберат датум кога ним им одговара, ние сме подготвени и утре да одиме на такви предвремени парламентарни избори. А, потоа тој што ќе биде поразен, безусловно да го поддржи тој кој што ќе победи на тие предвремени парламентарни избори, секако тоа ќе биде коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во три работи. Првата работа, заедно да настапиме пред европските институции и да обезбедиме гаранција за македонскиот многу вековен идентитет, посебност, традиција, култура, обичаи и јазик. Да побараме од Брисел тоа да го гарантира, да излеземе пред македонските граѓани и да го покажеме тој документ, дека некој навистина смета за овој народ, дека навистина на некој му е овој идентитет и овој народ многу значаен и дека го сака да биде таму заедно со него во европското семејство.

-Втора работа, социо економски пакет за граѓаните за основните потреби. Денеска во Македонија нашите сограѓани имаат основни елементарни потреби. Немаат канализација, немаат водовод, немаат асфалт на улиците, газат кал при првиот дожд, до коленици се во кал. Тоа се основни работи. Да бараме за основните работи, за основните потреби на македонските граѓани, социо еконосмки пакет за компаниите да се подготват во процесот на преговори и подготвени да го дочекаат членството на Македонија во Европската Унија со меки кредитни линии. Истото тоа, ни помалку ни повеќе, што го добиваат нашите соседи. И трета работа која што заеднички треба да настапиме и да ја обезбедиме, а тоа е, 14-те пресуди пред Судот за човекови права во Стразбур, од кои што шест се конечни и за кои што постои ултиматум кај нашиот источен сосед да ги имплементира, а избегнува да ги имплементира, да бидат имплементтирани. Да покажеме за нашинците во Пиринска Македонија, за Македонците таму дека грижиме, дека навистина ние овдека во нивната татковина, во нивната мајковина, навистина се грижиме за тие луѓе. Тоа беше она кое што му го понудив на Димитар Ковачевски. Но, од таму молк. Осми ден денеска, деветти ден молк. Излегуваат со една те иста работа, научена напамет лага и ја повторуваат. И еве, за ад бидеме сите ние сигурни во вистината, за да нема дилема кој ја кажува вистината, а кој не ја говори вистината, од овде од Гевгелија, сакам да упатам една порака до Димитар Ковачевски, бидејќи е кукавица по природа и бидејќи се плаши од избори, и бидејќи се плаши да ме погледне во очи, еве еднашка го охрабрувам нека излезе на ТВ дуел пред македонската јавност, па граѓаните нека судат кој ја говори вистината, а кој не ја говори вистината. Само сакам да кажам драги браќа и сестри дека не очекувам позитивен одговор, бидејќи човек кога еднашка ќе се идентификува себеси како кукавица, цел живот тоа ќе го следи. Но, важно е да го следи и оваа понуда да му тропа, да го потсетува на сето она што и го прави на Македонија, на родот свој, на македонскиот народ, но и на сите наши сограѓани кои што си ја сакаат оваа држава како своја татковина. Затоа е многу важно денеска од овде, од Гевгелија да ја упатиме таа порака. Владата, драги браќа и сестри, пропушти историска шанса за подадена рака, но тоа е она кое што тие занаат само да го прават, да бегаат од вистината. Затоа јавноста мора да знае дека секогаш кога власта вели, ако не успее ова ќе разговараме одделно со пратеници. Единствено мислат на тоа дека со притисоци ќе дојдат до некаков резултат. Е па нем ада успеат овој пат. Нема никого да предомислат. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во моментот е најцврстиот бедем за не прифаќање на бугарското диктат. Им благодарам на сите од срце. Не се брани тука само ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, туку Македонија, нашиот народ и граѓаните во Македонија. Излезот од ова може да биде само еден, а тоа е избори. Избори на кои ќе биде жестоко нокаутирана власта и СДСМ и Демократската унија за интеграција и сите на купче. Избори за големи промени, а потоа одговорност за сиот криминал, за сите афери. Нема да се спасат од соочување со реалноста и одговорноста, вели Мицкоски.

-Темата на денешната трибина е борбата против корупцијата и криминалот. А, токму овие работи се најтешката дијагноза на нашето општество. Корупцијата е раширена и во најситните порни од општеството. Ја претворија Македонија во територија на мафијашки кланови, каде точно се знае кој од власта кој тендер го добива, и колку проценти треба да и врати на партијата на власт. Имате преку ноќ креирани бизнис магнати кои се богатат на трудот на народот. Треба да знаете дека тоа се вашите пари. Со вашиот неплатен труд преку кој тие стануваат побогати. Додека народот страда поради инфлација, додека секој еден човек кој оди во продавница си ги пребројува парите дали ќе му стигнат за сите намирници, власта ужива во придобивките кои што се криминално стекнати. И мора да кажам дека ако оваа врхушка на СДСМ се мајстори за криминал, Демократската унија за интеграција се прави велемајстори и шампиони. Демократската унија за интеграција и СДСМ се името и презимето на корупцијата и криминалот во Македонија. Ниту една афера нема правна разрешница. Ниту еден нема зад решетки, освен оние кои што се со политички монтирани досиеја. Го памети ли некој Ден Дончев? Човекот пред камера зема туце пари како директор на Фондот за здравство и исчезна. Ниту обвинение покренаа. А, како да покренат кога судството е во целосно распаѓање. Специјалното јавно обвинителство им заврши како најголемото фијаско, а само што реализираа тоа се наградите за унапредување на послушните обвинители и судии. Додека полицијата водена од Спасовски е најголемата елементарна непогода за правдата во Македонија. На човекот среде полициска станица му делеа пасоши на криминалци, а целата афера заврши со две – три години затвор за службениците кои што работеле како им е наредено, ни криви, ни должни . Додека во Македонија не одговараат наредбодавателите на криминалот кој се наоѓаат во власта нема да имаме правна држава. Воедно јавна тајна е дека дрогата е поделена низ крими клановите кои се контролирани од групации директно од власта. Затоа и ни се случуваат мафијашки убиства како во вестерн филмовите низ улиците на градовите во Македонија. Да не зборувам за десетиците, стотиците афери кои јавно ги разоткриваме. Стотиците сомнителни тендери кои носат милиони за врхушката на власт. Тоа се парите кои ги крадат директно од народот. И затоа граѓаните, драги браќа и сестри се чувствуваат обесхрабрени. И во право е Илија Кавазов од Миравци кој вели дека криминалот е најголемата дијагноза на нашето рунирано општество. И мора да се удри по криминалот и корупцијата без двоумење. И добро е да има ветинг на судии, обвинители, но прво што е најважно мора да има ветинг на политичари тоа е многу важно, затоа што милијарди, милијарди проценети имотите на политичарите кои што голтари влегуваат во политика, а милионери излегуваат. Еве јас лично реков дека прв се пријавувам заедно со моето семејство да бидам тој кој што ќе биде подложен на тој ветинг, да го проверат сето мое стекнато и да кажат дали тоа е законски или не е. Еве од мене нека почнат, па надоле, ќе одиме по вертикала до секој еден. Голтари во политиката влегоа, а милионери и милијардери излегоа, рече Мицкоски.

Тој исто така вели дека смената на власта нема да биде само проследена со нова влада, нови политики туку и со одговорност за тие кои го крадат народот. И таа одговорност ќе биде за сите, било да е власт или опозиција, зошто само така можеме одиме напред. Кастата на власта, кликата која владее не сака да ја види вистинската слика за реалноста во која живее народот. А, тој плач го слушаме насекаде. И затоа губат драматично на рејтинзите и затоа ќе ги победиме на изборите. И тоа е извесно, многу очекувано. Но сакам да испратам неколку јасни пораки кои ги говорам насекаде низ Македонија каде бевме дел од оваа кампања „Ова е Македонија за сите“. Прво историјата започнавме да ја пишуваме после убедливата победа на локалните избори и во првиот и во вториот круг тоа беше многу значајно за пресвртот кој ќе се случи на следните парламентарни и претседателски избори. Прв пат од позиција на опозиција некоја политичка партија или коалиција во Македонија успеала да добие мнозинство на локалните избори. Тоа го направи коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со вас, со народот, кому му се поклонувам и кому сите ние како политичари треба да му се поклониме, народот е суверен во оваа држава. Дадовте доверба на луѓе кои имаат основна задача да бидат модерните патриоти и тоа е многу тесно поврзано за тоа што ние денеска зборуваме, дел од тие луѓе што се градоначалници ги гледам овде пред мене тука е и нашиот домаќин Андон во Гевгелија. Но, тие треба да бидат оние модерни патриоти современи патриоти, а како ќе го покажат тоа, само со чесно, храбро, одговорно и посветено работење. Без малку четири месеца имаме од првите две години од работењето на овие речиси во 50-тина општини луѓе, безмалку четири месеца две години изминаа, ниту еден скандал, ниту една афера додека од друга страна ја имаме Владата која на дневна основа генерира најмалку три коруптивни афери, а ние имаме повеќе од 42 а веќе во 50 општини како локална самоуправа, немаме ниту една а веќе две години поминаа афера криминал и тоа е добро и за поздравување, но не е доволно така треба тие да продолжат а откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните така треба да работи идната Влада. Затоа што стигмата сите се исти е погрешна тие намерно сакаат да верувате во оваа флоскула дека сите се исти.

-Почитувани, гевгеличани не се сите исти. Од едната страна вие го имате Али Ахмети и Димитар Ковачевски, од другата страна не имате нас ВМРО-ДПМНЕ и народот, не можеме ние да бидеме исти затоа ве молам немојте да верувате на таа флоскула дека сите се исти или пак ајде до мојот глас ли дошло секако ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Тие сакаат да ве обесхрабрат, да ве задржат дома, да го намалат бројот на излезени наши сограѓани за да ја намалат победата. Зошто тоа им е важно? Затоа што на тој начин вистинскиот нивен стопат Али Ахмети ќе има поголеми шанси за преговори. Затоа кога зборував во мојот говор, ова не е битка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку ова е битка за Македонија, за народот и од граѓаните токму тоа и го мислев, масовно да излеземе на изборите. Да не подлегнеме на овие празни флоскули, да не подлегнеме на тоа што најмногу му одговара на Али Ахмети и ДУИ да ве обесхрабрат и да не изедначат. Не сме сите исти, различни сме и затоа треба масовно да излеземе, масовно да излеземе и гласаме на следните избори кои за неколку месеци од денеска ќе дојдат. Втора работа што е важно е на тие избори ќе имаме генерално три понуди. Првата понуда е коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, втората понуда е коалицијата на ДУИ со помалиот коалиционен партнер СДСМ и третата понуда ќе бидат сега сите веќе ги знаете политичките глодари и лешинари кои заедно со овие од власта овие денови ги гледаме како излегуваат на површината на барата на мочуриштето како полноглавци. Дехидрираа од плукање врз ВМРО-ДПМНЕ, врз мене и врз македонскиот народ само за да спечалат некој поен повеќе да ја намалат ВМРО-ДПМНЕ, а на тој начин да му овозможат на Али Ахмети и ДУИ да ја тероризираат, пљачкаат и на колена фрлаат Македонија, тие се најопасни. Политичките лешинари и глодари кои сите вие ги видовте овие денови се најопасни Ве Молам тие платени патриоти, тие глодари и лешинари и лажни популисти ќе ви кажат се што сакате да слушнете, но нема да направат ништо затоа што кога ќе ја завршат средбата со вас и кога ќе влезат во скапото патничко возило или ќе заминат од бината ќе ги бројат жолтиците кои како награда ги добија од Али Ахмети и од ДУИ за да можат да продолжат да ја фрлаат Македонија на колена, не смееме да им дозволиме, треба да се обединиме сите заедно и овие глодари заедно со СДСМ и ДУИ да ги пратиме во историјата И третата работа мора ние како ВМРО-ДПМНЕ и како коалиција да си ја напишеме нашата домашна задача, а тоа е да се отвориме и да го собереме целиот оној народ, сите оние граѓани што се незадоволни од оваа Влада на ДУИ и СДСМ. Да покажеме која е вистинскиот столб кој е вистинска одбрана за македонските национални интереси, а тоа можеме само да го направиме со чесна борба, чесна мисла, јасна мисла, да се отвориме и да ги привлечеме сите оние наши сограѓани кои сакаат да ни се придружат и помогнат во оваа борба против оваа анационална и антидржавна Влада предводена од ДУИ, а поддржана од помалиот коалиционен партнер СДСМ. За тоа ние треба како ВМРО-ДПМНЕ и како коалиција да покажеме пример, обединување, отворање до конечна победа. Тоа е она која што е наша обврска, ние сме партија за македонско национално единство и мора да бидеме достојни на тој збор. Мора тоа единство да го обезбедиме. Обединети, почитувани сложни да излеземе да и го кренеме нашиот глас за промени, иднина и подобра Македонија, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата! – се првите зборови на нашата химна, но и зборовите на голема надеж, голем сон и иднина каква сакавме да имаме и епизодата по која копнеевме, а за жал сè помалку ја гледаме и ја добиваме овие 32 години од независното постоење на нашата татковина.

-Денес од таа Македонија за која сонувавме сме подалеку од тогаш кога ја создававме. Се изгуби таа енергија, се загуби тој копнеж. Луѓето се отуѓија, им се одзема правото на колективното сонување, правото на заедничка среќа. Кога една нација нема сон, треба да знаете дека веќе е одземено правото да се борите за иднината во која што сте верувале. И таа нација не е среќна, туку длабоко разочарана, апатична, со чувство дека е отфрлена од синовите и ќерките кои требало да донесат надеж и среќа, а донеле беда, разочарување и кражба на колективната радост. Затоа е и разочарувањето кон политичарите, и затоа е чувството дека сите се исти, па колку и да сме различни. Нам апатијата ни ја произведуваат за да се откажеме од борбата, за полесно да им поминува богатењето на грбот на народот. И запаметете го ова кога ќе ви речат воздржете се и вкусете уште една голема кнедла, уште едно ново самопорекнување, ве молам да останете останете неми на уште едно големо предавство на своето постоење, треба да знаете две работи: дека тоа не е последното што го подготвуваат и дека среќата и сонот што ги ветуваат нема никогаш да дојдат со овие луѓе. Затоа почитувани присутни, драги пријатели, Ова е Македонија. Македонија за сите! Ова е Македонија на надеж, сон, копнеж. Заедничка радост и среќа. Македонија на работниците, на невработените кои мора да се вработат, на докторите, на професорите. Македонија на умните и мудрите. Македонија на народот кој е посилен од секоја елита, клика и група која што за жал нè влечела надолу. Од сите вас зависи каква ќе биде иднината. Овој пат треба да се приклучите, овој пат е важно да учествувате за заедно да ги менуваме работите. Со истата енергија каква овој народ и земја ги имале при сите големи победи, при сите свои Илиндени, славни епопеи и победи. Шанса не само за една, туку за сите генерации заедно оставени на страна овие 30 години. Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит. Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македонија. Промените да победат, за заедничка иднина! Ова е незапирливата сила на народот. Ова е Македонија! Македонија за сите! ДО ЗАЕДНИЧКАТА ПОБЕДА ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, вели Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.