Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Гилес Норман, амбасадор на Канада во Македонија, со кој зборуваа на сите актуелни општествено – политички прашања.
Претседателот со жалење констатира дека Извештајот на ЕК го потенцира сето она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години наназад, а тоа е дека Македонија тоне во корупција, дека нема борба против криминалот, и дека власта практично е фасилитатор, наместо да ги санкционира таквите појави.
Претседателот ја истакна посветеност на ВМРО-ДПМНЕ за влез на Македонија во ЕУ, на база на рамноправност и почитување на принципите, а не на диктати.
Истовремено претседателот се заблагодари на поддршката која ја добиваме од Канада како држава, но и изрази надеж дека тоа ќе продолжи и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.