Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски оствари средба со холандскиот амбасадор Јан Коп. На средбата, на која присуствувал и секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Стефан Андоновски се разговарало за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот пат на Македонија, соопштуваат од партијата.

Претседателот Мицкоски истакна дека односот на бугарските власти кон Македонија и негирањето на македонскиот идентитет само ги засилуваат лошите односи помеѓу двете држави, потенцирајќи дека пристапниот пат на државата кон Европската унија не смее да личи на пазар со земјоделски култури на кој се продава и се купува македонскиот идентитет, се наведува во партиското соопштение.

Мицкоски го информирал амбасадорот Јан Коп за високиот степен на корупција и криминал од високи владини функционери, како и дека „граѓаните предолго се изложени на лаги од владата на СДСМ и Димитар Ковачевски“, укажувајќи дека потребно е одржување на предвремени парламентарни избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.