Ја стабилизираме државата за да почнеме да ја развиваме како што граѓаните тоа го заслужуваат, истакнува премиерот Христијан Мицкоски.
Тој порачува дека има разлика.
Премиерот Мицкоски вели дека кога ќе се затворат сите дупки каде што претходно се крадел народот со години, кога институциите ќе функционираат и кога криминалот ќе стане неисплатлив тогаш приходите во буџетот ќе пораснат.
Директорот Бобан Николовски ме извести дека во месец јули, Царинската управа бележи рекорд и најдобар резултат од нејзиното постоење со наплатени речиси 12 милијарди денари приходи.
За истиот месец, Управата за јавни приходи со која раководи Елена Петров наплати 13.4 милијарди денари што исто така е своевиден рекорд. Овие пари значат повеќе инвестиции за градинки, училишта, пристојно здравство.
Лесно може да се извлече заклучокот дека овие пари завршувале во нечии приватни џебови изминатите години. За брзо ќе дојде време да се даде одговор и на ова прашање.
Со домаќинско и одговорно работење за повисок стандард и подобар живот, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.