Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Арбен Таравари денеска ќе ја посетат поликлиниката „Идадија“, каде е инсталиран нов апарат за магнетна резонанца.
Апаратот е набавен со финансиски средства од Здравствениот дом – Скопје во вкупна вредност од 83.455.500 ден. Како што се наведува во информацијата од владината прес-служба, апаратот е во функција од 17 јули годинава.
Апаратот за магнетна резонанца од медицински аспект претставува врв во дијагностиката што дава најдобар приказ, визуелизација на дефинитивна и детална слика на внатрешни органи и меки ткива, неинвазивна, безболна метода, што употребува нејонизирачко зрачење и е предност во однос на сите други дијагностики во радиодијагностиката. Термините се креирани во една смена од 7:30 до 13:30 часот, но, планирано е отворање термини во две смени. Откако е пуштен во употреба апаратот за магнетна резонанца, дефинирани се вкупно 476 термини за снимање, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.