Премиерот Мицкоски во вчерашната емисија “Топ тема“ говореше за ревизорските извештаи и го повика Јавниот обвинител Љупчо Коцевски да ги истражи или да си поднесе оставка.
Во еден од извештаите пишува дека од 24 капитални инвестиции е завршен само еден и затоа Мицкоски го повика обвинителот да влезе во институциите и да лоцира одговорност.
Јас не сум истражен орган, јас сум претседател на влада.Ги повикувам истражните органи да влезат во институцијата и ова да го истражат и да повикаат на одговорност. Но нема никогаш да влезат затоа што тој обвинител тие што треба да ги истражува го гласале-повика Мицкоски.
Премиерот посочува дека Јавниот обвинител треба да почне од министерството за правда и од поранешниот министер за правда Никола Тупанчевски.
Премиерот бара Тупанечевски треба да одговори зошто го оштети буџетот на министерството за десетици милиони евра поради фрустрација што не ја потпишуваше еврообврзницата за претходното задожување па остави да дојде некој друг и на тој начин се зголеми катата и ги задожи граѓаните за 10-15 милиони евра.
Прво од него треба да почне, а не амбасадор да го праќаат.Зошто Тупанчевски не е повикан на одговорност.Тоа се мои и ваши пари.За 10 милиони евра ќе изградиме 20 сали како таа во Охрид-објасни премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.