Доблесно е Ковачевски да излезе на дуел, и покрај тоа што лаже за договорот, тој има одговорност пред граѓаните и не смее да се крие, вели Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ.

Јас многу пати во изминатиот период сум го повикувал, еве и оваа прилика ја користам да излеземе заедно пред македонската јавност, да дебатираме за суштината на договорите, бидејќи таа суштина ќе биде болна за сите генерации и оние кои што се неродени.
Ковачевски нема храброст да излезе на дебата затоа што веќе редица функционери од власта признаа дека автопатите ќе чинат поскапо, ако не се донесат законите, но забораваат да кажат дека тие веќе чинат поскапо зошто обврските се создадени, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.