Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери и набавки, додека тие се обидуваат со лаги и празни зборови да ве плашат дека ние сме биле против Европската Унија, а тие за Европската Унија, и дека живеете најубаво во Југоисточна Европа, Македонија сѐ повеќетоне, а тие беозбразно се богатат“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од митингот во Радовиш.
Секогаш кога ќе ја кажеме вистината за ДУИ, дека тие грубо ја злоуотребуваат судбината пред се на Албанците, и нивната мака, за да се богатат и крадат, кажувањето на таа вистина од ДУИ ја толкуваат како напад врз албанците. Тоа во суштина е заштитниот чадор со кој тие сакаат лажно да се престават за некакви борци за каузата на Албанците додека истите ги оставаат во сиромаштија, без патишта, без работа, без вода за пиење, без канализација, без основни услови за живот“, истакна Мицкоски.
Мицкоски упати порака до Османи дека слоганот не е шовинистички, туку слоганот „Македонија повторно твоја“ означува дека Македонија ќе биде вратена на народот, истиот тој народ кој власта безимислосно го краде и осиромашува.
Па така, Бујар Османи ќе обвини дека слоганот „Македонија повторно твоја“ бил шовинистички слоган. Тоа може само да го каже неук човек кој е вистинси шовинист и кој Македонија не ја чуствува за своја татковина, затоа што јас кога ќе кажам Македонија мислам на сите граѓани кои живеат во нејзе. На Македонците, но и на Албанците, Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњацитеи сите останати. Кога Бујар Османи ќе каже Македонија тој не ја чуствува за своја татковина иако бил министер во сите можни влади на Македонија. Иако црпи пари и плати од државата која не ја признава за своја татковина. Е тоа е шовинизам на дело. Да ги признаваш парите што ги земаш, но и државата која те плаќа. И лицемиерието е поголемо што токму Бујар е министер за надворешни работи и од него се очекува да ги брани интересите на Македонија пред светот. Македонија е и твоја држава, сакал или несакал да признаеш. Мојата борба е Македонија да ја вратиме на народот, истиот тој кој безимислосно го крадете и осиромашувате“, нагласи Мицкоски.
Мицкоски истакна дека времето на Артан и Бујар помина, а доаѓа ново време кога Македонија се враќа во рацете на народот.
Времето на Артан и Бујар престанува. Доаѓа ново време кога Македонија се враќа на народот. Ковачевски треба да престане да ја бара вината во сите други само не во себе. Доцна се сети дека ДУИ ќе биде јамката околу него која ќе му ја заврши и неговата кариера. Но си ја продаде душата за грст привилегии и тендери. Е сега го плаќа цехот. Ако нешто не му е јасно нека ја види разликата од над 180 илјади гласови. Тоа е кога народот на Македонија некому му вели доста е“, нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.