Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прашањето дали очекува премиерот Димитар Ковачевски да ја пријати неговата отворена покана за јавна дебата за договорите за коридорите 8 и 10-Д, одговори со повик Ковачевски да не се крие и да не бега од Македонија, како што направи со актуелното долго патување, туку да се врати и пред македонската јавност да дискутираат за суштината на договорите.
Истакна дека суштината на овие договори е болна за сите генерации, дури и за оние кои не се родени.
Многу пати во изминатиот период сум го повикувал, еве и оваа прилика ја користам да излеземе заедно пред македонската јавност, да дебатираме за суштината на договорите, бидејќи таа суштина ќе биде болна за сите генерации и оние кои што се неродени. Нека не се крие, нека не бега од Македонија. Знаеме дека е на подолго патување, нека се врати, нека дојде да излеземе пред македонската јавност и да дебатираме. Ако ме убеди и ако ја убеди македонската јавност, тогаш опозицијата манипулира, како што тие љубат напати да речат во своите изјави од коалицијата ДУИ-СДСМ, но ако јас го разубедам, тогаш очекувам да понесе одговорност, рече Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.