Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средба со Амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

-На средбата беа разменети мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на демократските процеси во земјата. Ја истакнав важноста на стратегиското партнерство помеѓу двете држави, потенцирајќи дека поддршката од американската страна е клучна за развојот и стабилноста на регионот.
Средбата заврши со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес, пишува Мицкоски на Фејсбук.

И американската амбасадорка се огласи по средбата со македонскиот премиер. Таа напиша:

Продуктивна средба со премиерот. Разговаравме за приоритетите на новата влада и уште еднаш ја потенциравме постојаната поддршка на САД во унапредувањето на целта за бзбедност, просперитет и евроатлантските интеграции на Cеверна Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.