Денеска сме во Прилеп како дел од теренската акција „Важно е, од тебе зависат промените“. Продолжуваме насекаде низ Македонија, заедно сме со потпретседателот Николоски, со градоначалникот, со пратениците, со претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, со советниците, со луѓето, со поддржувачите, со активистите, рече денеска Христијан Мицкоски во Прилеп.
Денеска во Прилеп ќе разговараме за она што е важно за прилепчани, а што треба да биде дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори бидејќи за неколку месеци од денеска почнува и официјалната кампања за следните парламентарни избори. Ние имаме би рекол студиозен и многу темелен пристап, во оваа предкампања, во оваа теренска акција сакаме со граѓаните или групи на граѓани да разговараме и директно од теренот да слушнеме што е она што е за нив важно, а што би требало да биде дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ, кои се очекувањата од идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Па, да видиме, да ги анализираме, да направиме јасна методологија што е тоа што ќе го исполниме, што е тоа што едноставно поради објективни причини не може да се реализира, што е тоа кое што во фази ќе се реализира. Многу сме внимателни и сакаме да влеземе во кампања во која што тоа што ќе биде кажано и ќе биде испорачано. Не сакаме да ветуваме чуда, ние не сме чудотворци, а и чудата не се возможни. Сакаме тоа што ќе го ветиме да биде и реализирано бидејќи во минатото сме свесни дека се давани големи ветувања, се креваат очекувањата, а потоа кога политичарите нема да го испорачаат ветеното следат големи разочарувања. И тоа е лош пример, и затоа сега имаме таков темелен и студиозен пристап.
Можам да кажам дека проектот кој што овде во Прилеп значеше реконструкција и ревилитализација на голем број на улици во општина Прилеп заедно со уште неколку други проекти кои што во минатото сме ги комуницирале полека но сигурно се привршуваат. Навистина тоа кое што беше кажано се реализира, очекувам така да продолжи и во периодот кој што следи иако сум свесен за сите би рекол предизвици со кои што се соочува Општината. Онаа состојба која што беше наследена. А, од друга страна и односот на Владата на СДСМ и ДУИ кон општините каде што имаме градоначалници од редот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Но, тоа е лошата вест.
Добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме Влада на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Влада која што на целата територија на Македонија во сите општини, без разлика дали градоначалникот е од редот на ВМРО-ДПМНЕ или не е од редот на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме насекаде да инвестираме. И минатиот пат кога бев во Прилеп кажав, но сакам и сега да повторам дека повеќе од 250 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Прилеп овде во еден четиригодишен мандат ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра помеѓу 8 и 8,5 милиони евра годишно. Што ценам дека е бројка која што навистина ќе допре до секој граѓанин во Прилеп. Ние не можеме сите проблеми да ги решиме, но очекувам, дека со оваа инвестиција во еден четиригодишен мандат на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ голем дел од потребите на прилепчани ќе бидат решени.
Така што уште еднашка сакам да ги поздравам прилепчани и да ги поканам денеска да ни се придружат за време на теренските активности, да слушнеме што е тоа што е за нив важно и истото тоа да биде дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.