ВМРО-ДПМНЕ е во посета на населени места. Викендот сме во посета во населените места Шашарвалија, Селце, Чардаклија и Караорман. Наидуваме на разочарани граѓани, на апатична состојба и луѓе кои што имаа проблеми со централните институции во државата, затворени врати, нереализирани проекти, очекувања и ветувања кои што никогаш се се случија. Тоа е она што е испорачано од оваа централна власт во овие години, и затоа ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен да ги праша граѓаните, да поразговара со нив и да ги види сите проблеми, рече тој.

Мицевски се осврна и на законите со европско знаменце каде укажа дека власта носи такви закони се со цел за да си ги полнат своите џебови.

Секојдневно се соочуваме со проблеми. Оваа централна власт бега од граѓаните врз име на европското знаменце, се кријат и носат закони само со една цел, за полнење на своие џебови. Да се крадат граѓаните во име на ЕУ не европска вредност, да се злоупотребуваат граѓаните во име на ЕУ не е европска вредност. Европска вредност е да се грижиш за граѓаните, да ги почитуваш човековите права. Тоа не го прави оваа централна власт. Затоа ВМРО-ДПМНЕ разговара со граѓаните, ги повикува да дадат масовна поддршка, да ја увидат разликата затоа што не сме сите исти и на наредните избори сите заедно да ја поразиме оваа власт, порача Мицевски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.