Документот што ВМРО-ДПМНЕ деновиве го кине јасно наведува дека пратениците се обврзуваат и ја обврзуваат Владата за достојно да ја почитуваат определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот јазик, е тоа ВМРО-ДПМНЕ го искинаа, истакна координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

-Македонската иднина е европска, со македонски јазик, култура, идентитет и историска посебност. Доста беа делби и поделби, доста беа делби и подбели на македонскиот јазик. Ние Македонците заедно со нашите сограѓани и Албанци и Турци и Роми и Власи и Срби и сите останати ќе продолжиме да се движиме напред кон европската иднина – рече Митрески.

Тој посочи дека не е првпат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја напуштаат салата на Собранието кога се носат важни одлуки.

-Не е првпат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да бегаат од салата. Зборуваа против Договорот за добрососедство и избегаа, зборуваа против Преспанскиот договор и избегаа, зборува против промена на Уставот и избегаа. И денеска и овие два дена не зборуваат туку свират затоа што сите нивни лаги се потопени, затоа што немаат поддршка од граѓаните кои грубо ги излажаа – истакна Митрески.

Но, без разлика на се, додаде тој, ги повикувам нека преспијат, нека си ги анализираат своите грешки и нека се променат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.