Факт е дека таквите состојби предизвикуваат чувства на небезбедност и тоа е она што јас и моето семејство го почувствуваме. Меѓутоа од друга страна не би сакала да влезам во играта на жртва, и да собирам било какви симпатии од граѓаните поради нешто што ми се случило, поради работата што ја работам. Ваквите состојби само покажуваат колку власта е во паника и колку навистина го губат тлото под нозете. Ова се сериозни состојби за кои што јас очекувам дека институциите ќе постапат и ќе ги најдат сторителите. Зошто го кажувам ова? Јас го следев и интервјуто на Артан Груби после настанот кој што му се случи нему со возилото, кој што отвори дополнително други прашања за кои што уште немаме одговор, меѓутоа тој на тоа интервју трипати ревносно се заблагодари на безбедносните институции, на МВР, на АНБ и на сите останати институции. И тоа покажува колку третманот на граѓаните во Македонија не е еднаков, истакна порпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа телевизија за случајот при што беше демолиран нејзиниот автомобил.
Митева додаде дека таа се сомнева дека околу демолирањето на нејзиниот автомобил ќе се покрене било каква постапка од страна на институциите. Исто така таа потсети дека досега за многу слични случаи кои што им се случиле на други претставници на ВМРО-ДПМНЕ досега се нема покренато истрага од институциите.
Разликите се огромни, гледаме дека власта нема еднаков третман за сите. Гледаме дека методите на заплашување и методите на внесување на страв, се некои методи од минатиот век кои што буквално не вродуваат со никаков плод, напротив ваквите состојби во ВМРО-ДПМНЕ влеваат една состојба на уште поголема кохезивност, уште поголема поддршка меѓусебна, каде што сме сигурни дека она што го работиме е во правилна насока. Нема да не поколебаат да ги зборуваме криминалите, а јас како портпарол на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да зборувам за секој еден случај за кој што сметам дека има сериозни индикации за сторен криминал и корупција. А, по преземањето на власта ВМРО-ДПМНЕ за сите слуачи ќе покрене постапки, а потоа ќе следи и одговорност, нагласи Митева.
Таа посочи дека за секој ваков чин треба да се покрене соодветна постапка, соодветна истрага како што е покрената за онаа на Артан Груби. Митева укажа дека досега не била повикана да даде дополнителен исказ по демолирањето на нејзиниот автомобил. И поради тоа таа не верува дека случајот ќе се реши.
Власта во овие моменти кога буквално го губи тлото под нозете нема да бира на кого и како на опозицијата, или на било кого кој што не го дели со нив мислењето, да му упати една ваква порака, надевајќи се дека пораката ќе биде примена и дека оние кои што гласно ќе говорат против нивниот криминал и корупција ќе бидат во еден определен момент можеби исплашени, па ќе се поразмислат дали е правилно и добро тоа што го работат, појасни Митева.
Ефектот е спротивен и ќе продолжиме да зборуваме уште погласно за сите криминали кои што власта ги има, укажа Митева.
Таа при гостување во емисијата рече дека нема видено ниту една изјава на Спасовски, или на било која институција дека ќе го провери случајот со Артан Груби и возилото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.