Мора да размислуваме како да ги олесниме секојдневните потреби со којшто се соочуваат и лицата со попреченост, но и родителите на децата со попреченост, вели портпаролката на македонската влада Марија Митева, зборувајќи за плановите кои треба да се реализираат, а се дел од стратегијата за помош на оваа категорија на граѓани.
Митева ги споделува трите работи што сака луѓето да ги знаат на оваа тема:
- Размислуваме за отворање на мали групни станбени единици, којшто ќе го олеснат животот на лицата со попреченост. Мора да размислуваме како да ги олесниме секојдневните потреби со којшто се соочуваат и лицата со попреченост, но и родителите на тие деца.
- Дополнително, размислуваме и за финансиски додаток, којшто ќе го овозможиме на семејствата којшто ќе згрижуваат лица со попреченост.
- Она што е новитет, е отворање на нови дневни центри којшто ќе го олеснат секојдневието на лицата со попреченост. Ќе овозможиме родителите да можат непречено да ги завршуваат своите обврски, а на децата ќе им обезбедиме соодветна рехабилитација и инклузија.
Подготви: Марина Милановиќ
Фото/видео: Александар Ивановски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.