Кариеристот Димитров конечно призна дека Македонија преку него и Заев премногу и ветила на Бугарија со надеж дека ќе го реши спорот. Иако на излезот од неговата кариера реши да замине со обвинувања кон неговите довчерашни соработници тој по ништо не се разликува од Заев и Османи. Димитров заедно со Османи ќе останат запаметени како најнеспособните шефови на македонската дипломатија. Тие се пријатели по функција, непријатели кога таа не ги спојува, ова денеска преку прес-конференција го истакна Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.
Додека Димитров обвинува за предавство, Ковачевски мудро молчи за тоа кои одговори Македонија ги дала на пакетот 5+1 кој е испратен од Софија како предуслов за поддршка за преговарачката рамка и одржување на првата меѓувладина конференција. Патем оваа делегитимирана влада на СДСМ чека став од страна на Бугарија по однос на овие одговори. Иако, никој не е запознаен за што преговарале Заев, Димитров и Османи. Дали македонската јавност повторно ќе биде изманипулирана и зад декларативна заложба дека ќе се почитува Резолуцијата, Ковачевски по стапките на својот ментор Заев ќе ги подрива македонските позиции? Додека СДСМ звучи какофонично и дава различни изјави во однос на спорот со Бугарија, Османи континуирано се раководи од предлозите на другите земји членки и секој добиен предлог нему му се чини како нова шанса за брзо решение без притоа да се заземе јасен став околу најкомплексното прашање за македонскиот идентитет, истакнува Митева.
Таа додава дека на состанок во Бугарија на советот за национална безбедност за прашањето кон Македонија се донесе јасен и конкретен став, додека во Македонија се држат во тајност одговорите за пакетот 5 + 1 кои се доставени до Бугарија на самитот на НАТО во Рига уште пред два месеци.
Ковачевски е должен да и одговори на јавноста кои одговори се дадени и истите детално да ги образложи пред целата македонска јавност, вели Митева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.