Очигледно е дека недоразбирањата во СДС придонесуваат за раст на нервозата во нивните партиски кругови. Несигурноста во себе и во сопствените пратеници изминатиов период се обидуваа да ја прикријат со лаги насочени кон ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски и Зечевиќ не можеле да ја контролираат пратеничката група и по изнесените информации од наша страна за тројца пратеници од редовите на СДС од првата и втората ИЕ кои не се согласуваат со ваквите уставни измени и за шесте пратеници од внатрешноста за кои ваквата политика на СДС е најлошата можна работа која тие можат да ја направат, Ковачевски свикал групна координација со пратениците на која тој сакал да ги убеди дека ова е единствениот начин СДС да опстане уште некој месец на власт и дека само така ќе може да ги убеди албанските партии да дадат максимална поддршка за опстанок на владата.

Ова се дискутирало на средбата пред неколку дена во централниот штаб на СДСМ која имала тензичен и непријатен карактер, на која тој потенцирал дека доколку излезат во јавноста пратеници од СДС кои се против уставните измени тоа може да ги натера албанските коалициони партнери да ја прифатат идејата на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори оваа година. Оттука, дали е точно дека тој побарал од пратениците да излезат со заеднички став и документ кој ќе биде потпишан од секој од нив поединечно дека безусловно ќе гласаат за уставните измени и влез на Бугарите во Уставот како и да се формулирани тие.

Исто така, документот имале во план да го објават вчера со што би ги демантирале нашите изјави, но тоа не се случило поради изричното несогласување на веќе споменатите пратеници.

Ковачевски залудно се труди со притисоци да го промени мислењето на сите оние кои се против ваквите уставни измени затоа што дури и во самата негова партија нема доверба за спроведување на ваков процес.

Жалиме што сите се сведоци на методите со кои се служи СДС само за зачувување на власта некој ден или месец повеќе.

Наместо оваа голгота низ која поминува државата, да треба да биде секојдневие уште десетина месеци Ковачевски може да стави крај на своите маки со прифаќање на предвремени парламентарни избори па нека побара мандат од граѓаните за политиките кои ги води, а ВМРО-ДПМНЕ ќе излезе со план во три столба за надминување на кризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.