Таков е менталитетот, не за џабе ние го нарековме Заевизам, и тоа е таа матрица, тие се клановите и луѓето што се поделени како да приграбат и да направат поголем капитал. Но, ова што се случува не е добро за никој, каде вака ќе оди државата, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното интервју во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.
Мисјаловски вели дека владата на СДСМ има најмногу скандали во историјата на било која политичка партија на власт, посочувајќи дека тој уште на почетокот на формирање на владата на СДСМ изјавил дека мафијата конечно си добива своја држава.
Извадивме најмногу скандали на прес-конференции во историја на било кој политичка партија. Ова се само дел од тие, имавме најголем скандал во Македонија со издавање на пасоши, каде што настрадаа обични луѓе, административци. Замислете на административци им текнало еве од денес ќе издаваме на белосветски мафијаши пасоши. Јас уште кога се формираше оваа влада реков дека мафијата си добива своја држава и еве така продолжуваат, рече Мисајловски.
Според Мисајловски, државата тоне на секое поле, но владата и понатаму не ја менува матрицата и не прифаќа средба со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека не можат сами да се справат со предизвиците бидејќи како што рече секој нов ден и ново разочарување.
Не пробуваат да ја сменат матрицата, зар не гледаат дека тоне државата насекаде? Паѓаме како земја на секое ниво и тоа е срамота. Владата сама признава дека има национална катастрофа на сите полиња, и сега не прифаќале средба со нас за да покажеле како партија дека се било во ред. Но, не можат сами, и се гледа не можат бидејќи секој нареден ден гледаме по едно ново разочарување и ова нема крај, заклучи Мисјаловски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.