Владо Мисајловски, министер за одбрана во честитката по повод Денот на независноста на Македонија, 8 Септември во честитката нагласува дека денеска го славиме Денот на македонската независност, ги славиме единството, силата и издржливоста кои не дефинираат како народ и како држава.

Со должна почит им се поклонуваме на сите кои се жртвуваа за нашата слобода и независност, за нашиот суверенитет и територијален интегритет.

Сплотени со јасна визија и решителност остануваме посветени на нашите вредности и заложбите за мир, економски напредок и европски просперитет на нашата држава.

Нека ни е честит Денот на независноста, 8ми септември!

Нека ни е вечна и вековита Македонија! се вели во честитката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.