Во Општина Штип гласањето на 74 избирачки места тече без проблеми и излезноста на избирачите до 13 чадот е 31 процент од вкупниот број на гласачи, вели за МИА претседателот на ОИК Штип, Виктор Вацев.

Посочува дека досега од членовите на Избирачките одбори не е пристигната никаква поплака или забелешка за избирачкиот процес на гласачките места.

Вацев истакна дека во моментов се одвива смената на членовите на Избирачките одбори, оние кои биле прва си заминуваат, а процесот на гласањето на Избирачките места го предаваат на оние членови кои се втора смена. Во помалата рурална Општина Карбинци на 16-те Избирачки места гласањето се одвива без никакви проблеми, информира Љупка Гацева Велинова член на ОИК Карбинци.

Во оваа општина излезноста до 13 часот е 24 проценти, а право на глас имаат 3.169 избирачи. Во Општина Пробиштип излезноста на гласачките места до 13 часот е 37 проценти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.