Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ објави фотографија од менито во бифето во Владата на кое сега воопшто не се наведени цените.

„Владата ги избриша цените за јадење! Дали по објавувањето на ценовникот, како реакција од денеска министрите јадат бесплатно?“

Вака на Фејсбук напиша Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ и објави фотографија од менито во бифето во Владата на кое сега воопшто не се наведени цените.

Пред неколку денови, веста дека во Владата се јаде по цени кои се багателни споредени со цените во рестораните и во маркетите ја разбранува македонската јавност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.