Министре Шаќири,
Ве потсетувам дека и утре има ден. Некогаш срамот е поголема казна од било која друга. Ова што го правите веќе навистина е срамно. Одземате ингеренции и поткревате етнички тензии. Сосема ми е јасно дека тоа ви користи Вам и на партиските челници, ама зарем не ви е жал да ги манипулирате децата? Каде ги водите? Под превезот на “остварување права” спроведувате процеси кои всушност ги користите само зa партиски цели, а на штета на сите.
Срамота – реагира професор д-р Весна Јаневска на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција доаѓа по денешното писмо на Иницијативниот одбор на родители на ученици од ООУ Његош во Јурумлери откако Министерот за образование и наука Јетон Шакири вчера изјави дека започнал постапка за одземање на ингеренциите на општина Гази Баба за ООУ Његош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.