Министерството за здравство ќе спроведе истрага за случувањата поврзани со смртта на младиот хрватски ракометар, Денис Тот.
Во врска со смртта на хрватскиот ракометар Денис Тот, министерот за здравство Беким Сали согласно Законот за здравствена заштита и Законот за санитарна и здравствена инспекција иницираше Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третманот на младиот ракометар – соопшти Министерството за здравство.
По повод смртта на прерано починатиот хрватски ракометар, од Министерството за здравство изразуваат најдлабоко сочувство до семејството и неговите најблиски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.