Дел од министерствата и институциите се придржувале кон мерките, но некои од нив не само што не го стегнале ременот, туку и ја зголемиле потрошувачката на струја, како на пример Министерството за локална самоуправа. Мала заштеда е забележана и кај Министерствата за здравство, надворешни работи и одбрана. Ова го покажува анализата на Министерството за економија којашто ја презентираше денеска министерот Крешик Бектеши на прес-конференција во Владата. Институциите коишто заштедиле малку струја ќе треба да и дадат отчет на Владата за направените трошоци.

Само административната зграда на локална самоуправа има зголемена потрошувачка на енергија. Најмала заштеда има во административната зграда на Министерството за здравство – 2 отсто, во МНР – 8 проценти и во Министерството за одбрана – 8 % заштеда. Собранието заштедило 29%, а Кабинет на претседателот – 17%.

Анализата на потрошувачката покажува дека 17 државни компании заштедиле 8 отсто струја. Две државни претпријатија имаат поголема потрошувачка, едното за 10 отсто, а другото – ЈП „Водостопанство“ има над 20% поголема потрошувачка.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.