Министерот за образование и наука Јетон Шаќири им го честита крајот на учебната година на учениците, заблагодарувајќи им за максималната посветеност и добро завршена работа на сите наставници, стручните служби и други вработени во основните и средните училишта.

Денес завршува учебната 2021-2022 година. И оваа, како и претходната беше полна со предизвици, но искуството од минатото нé научи како останеме обединети и како полесно да ги надминуваме ситуациите кои повеќе не можат да нé изненадат.

Сите ние, институциите на системот, наставниот кадар, учениците, родителите и старателите, бевме на висина на своите задачи.

Успеавме да победиме при најтешкото соочување, тоа со пандемијата која овој пат не дозволивме да го забави воспитно – образовниот процес и правилниот развој на генерациите. Напротив, дури и во вонредни околности со забрзано темпо го продолживме реформирањето на образовниот систем, а за тоа искрено сум благодарен на мотивираноста на наставниците, но и на желбата на учениците за подобро утре, вели Шаќири во честитката.

На учениците кои се запишуваат во средно или на факултет, Шаќири им посакува да успеат во тоа таму каде што посакуваат, а потоа и тие како и сите други добро да се одморат и подготват за ново поглавје од животот.

Ние, раководствата и вработените во МОН, во другите образовни институции и установите ќе продолжиме да работиме. Темпото кое го наметнавме, нема да дозволиме да спласне. Мораме добро да се спремиме за идната учебна година, рече Шаќири.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.