Во графата „националност“ ќе стои Македонец/Македонка, Албанец/Албанка и тоа е според Законот за матична евиденција, изјави за „Пресинг ТВ“, министерот за правда Кренар Лога.
Дилемата се јави, откако вчера министерот го потпиша Упатството за изменување и дополнување на Упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи; издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги; водење постапка и составување на записник за најдено дете; обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матични книги, изводите и уверенијата што се издаваат врз основа на матичните книги, каде ќе стои графа за етничка припадност.
Во формуларот стои „националност“, што произлегува, според министерот, од постоечките законски одредби, а не етничка припадност.
– Законот за матична евиденција не е изменет и навистина не знам од кои причини до сега не е користена именката Македонец/Македонка, изјави министерот Лога за Pressing TV.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.