Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на вонредниот состанок на министри за одбрана на НАТО Алијансата.
На денешниот вонреден состанок покрај министрите за одбрана на земјите членки на НАТО ќе учествуваат и министрите за одбрана на Украина, Грузија, Шведска, Финска и претставници на ЕУ. Ќе се дискутира за актуелната безбедносна состојба во Украина и поширокиот регион, за поддршката на Украина и на украинскиот народ, за заштита членките на НАТО, како и за зајакнување на одбранбените капацитети на источното крило на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.