Министерката за образование и наука Весна Јаневска и францускиот амбасадор Кристоф Ле Риголер денеска ќе потпишат Анекс на Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Амбасадата на Република Франција, со кој дополнително се поттикнува изучувањето на францускиот јазик во нашиот образовен систем.
Настанот во Клубот на пратениците во Скопје, ќе го отвори Иго Бештел, советник за соработка и култура и Директор на Францускиот институт во Скопје, соопшти МОН.
Предвидено е и доделување награда на најдобриот франкофонски ученик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.