Искоренувањето на корупцијата како актуелен и акутен проблем е еден од најзначајните приоритети на Владата и затоа е добредојден секој предлог кој се однесува на можноста да се намали корупцијата, вклучително и предлогот на премиерот за воведување линија за пријавување на корупција, оцени денеска министерот за јавна администрација Горан Минчев.

-Сепак корупцијата е проблем кој е многу опсежен, во кој треба да се вклучат голем број на органи, пред се, мислам на Министерството за внатрешни работи, Комисијата за спречување на корупција, рече Минчев во одговор на прашање – кога ќе профункционира најавената линија во Владата за пријавување на корупција, даден на паузата на денешната Јавна дискусија за предлог законите за административни службеници во ЗЕЛС.

Нагласи дека се она што се случува како приоритет на Владата и активностите на Министерството за внатрешни работи ќе придонесат за значително намалување на корупцијата.

-Тоа е процес кој трае, ништо не може да се случи преку ноќ, но фокусираноста на Владата и на премиерот кон овој проблем е една од алатките кои ќе се случуваат во иднина, посочи Минчев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.