Дали премиерот Димитар Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова? прашува пратеникот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер Анотнијо Милошоски.

Случајот со министерот Бектеши, дека ги довел во заблуда членовите на влада Спасовски, Шукова и Петровска да гласаат ЗА струмичките рудници, отвара сериозна тема за многу владини решенија:
📌 Колку владини одлуки се досега донесени од министри кои биле доведени во заблуда, а врз основа на неточни податоци (Бехтел& Енка, прекинување на градбата на клиничкиот во Штип, солидарниот данок, асфалтни бази, концесии за мермер итн.)?
– Дали во владата не функционираат комисиите и генералниот секретаријат кои ги проверуваат материјалите и ги подготвуваат одлуките пред седница?
– Дали министрите кои изјавија дека измамени гласале за одлука , или Јавниот обвинител по службена должност, ќе побараат кривична одговорност за министерот Бектеши , согласно член 247 од КЗ?
– Дали премиерот Ковачевски бил на седница, како гласал и дали и тој се чувствува измамен од министерот Бектеши, исто како Спасовски, Петровска и Шукова?, пишува во статус на фејсбук Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.