Претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг, Михаел Рот утре ќе престојува во посета на Македонија.

Како што стои на веб страницата на Собранието, Рот утре ќе има средба со претседателот на законодавниот дом, Талат Џафери, а ќе се сретне и со претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антониjо Милошоски.

Засега има потврда и за средба на германскиот пратеник со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

Рот, пред да биде избран за пратеник во Бундестагот ја извршуваше функцијата државен министер за Европа во германското МНР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.