Ивор Мицкоски ја коментира изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој грчевито ја брани одлуката ТВ-прездентерката Ејупи да биде вработена во Министерството за надовреншни работи.
Спорно е Бујар, спорно е затоа што преку вашата фабрика за партизација наречена Министерство за политички систем, вработувате во МНР лице кое како хонорарец добивало пари и задачи за кое е предвидено да ги извршуваат вработени лица според систематизација.
Спорно е што тој систем го користите од 2017-та и така имате потрошено преку 2,5 милиони евра.
Спорно е и што според ДКСК, со таа пракса сторено е кривично дело по член 353-в(став 5) од Кривичниот законик, „несовесно работење во службата“.
Спорно е и што ја планиравте на мала врата да ја бутнете за конзул.
Спорно е што криевте дека е вработена и што обвинувавте за шовинизам.
Така да, се е спорно, а особено спорна е партизацијата и кронизмот кои бесрамно ги спроведувате, особено во време на најголема криза(ваши зборови), пишува Мицковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.