Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостување во емисијата „Топ тема“ на  Телма, потенцираше дека следите чекори на ВМРО-ДПМНЕ во однос на најавената активна блокада ќе биде во интерес на граѓаните бидејќи не се сите исти, но лоша за криминалната коалиција на власт СДСМ и ДУИ, порачувајќи дека ќе треба да одговорат за многу прашања.

Да одиме чекор по чекор. За граѓаните нема да биде страшно, за овие политичари од власта и коалицијата СДСМ и ДУИ мислам дека ќе биде страшно и ќе треба да одговорат на многу прашања. Ние бевме многу внимателни и чекавме долго време после локалните избори, поминаа неколку месеци, чекавме 100 дена да поминат, излеговме заедно со народот во една кампања, каде што велевме промените продолжуваат и разговаравме со илјадници граѓани, тимови од партијата разговараа и безусловно 90 проценти од граѓаните и тука нема етничка припадност ни велеа зошто сте толку мирни, дури имаше и некои фини господа кои што влеат да ве разбираме зошто сте толку мирни сега ги добивте општините, овие ја имаат владата, значи сите сте среќни, си го крадете народот здружно и немате никаков проблем, сите сте исти. Но, не е така не сме сите исти, порача Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.